Поврзете се со нас

Англија

Гигс за најтешкиот противник во неговата кариера: Тој ми го скрши носот!

Објавено

на

Рајан Гигс долги години беше активен на големата фудбалска сцена каде освои навистина многу трофеи носејќи го дресот на Манчестер Јунајтед, но во исто време низ тој период имаше можност постојано да се соочува со многу екипи, противници на теренот.

Од сите тие ривали за Гигс еден е најпроблематичен, односно му правел најмногу проблеми на зелениот тепих-тоа е легендана на калчолигашот Интер, Хавиер Занети.

-Најтешкиот играч против кого имам играно е Хавиер Занети од Интер. Трчаше постојано и беше навикнат да игра во средината па му беше удобно со топката, знаеше да се брани, беше цврст и тој дури и ми го скрши носот во четврфиналето против нив. Имаше сè како дефанзивец, -истакна Велшанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни