Поврзете се со нас

Англија

Гигс за играчот кој обожава да го гледа во Јунајтед: Кога и да има топката се случува нешто посебно

Објавено

на

Селекторот на Велс, Рајан Гигс издвои еден играч кој обожава да го гледа во Манчестер Јунајтед.

Гигс кој е легенда на „црвените ѓаволи“ е посебно возбуден, среќен поради Бруно Фернандеш кој на почетокот на оваа година пристигна на „Олд Трафорд“, но за кратко време се наметна и дефинитивно е меѓу најзаслужните за добрите резултати на екипата.

-Тој ме возбудува затоа што секој пат кога ќе ја има топката бара нешто да се случи. Нормално не успева секогаш, ама тоа е играч на Јунајтед, се коцка. Не е лесно да се направи, кога бев постар можев полесно да се справам.

-Секогаш го барав тој убинствен пас-ако го имате Ван Перси-пробајте! Еднаш, двапати може да не успее и може да се појави незадоволство, ама мора да продолжите да се обидувате, да чуката на вратата. Не знам дали се сеќавате на последните неколку минути пред да постигнеме гол против Норич, тој се врати и бркаше назад.

-Тој е играч што ги прави работите да се случуваат како број 10, но тоа треба да го покаже. Го гледав, веднаш истрча спринт, не се враќаше назад со одење. Беше мртов уморен, ама трчаше и се обидуваше да победа на мечот. Тоа го сакам, -истакна Гигс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни