Англија
Гигс: Сколс се пензионираше поради Фергусон, а потоа повторно се врати откако….
Рајан Гигс го вметна Пол Сколс во потесниот круг од двајцата најдобри соиграчи со кои ја делел соблекувалната во Манчестер Јунајтед и воопшто во кариерата (првиот е Кристијано Роналдо), но во новото интервју кое го направи за „БеИН Спортс“, долови и детали за тоа зошто Сколси привремено стави крај на кариерата, пред да се врати неполна година подоцна.
Сколс објави крај на професионалното играње фудбал во 2011-та година и доби тренерска улога во Јунајтед, но веќе на стартот на 2012-та година, ја прецрта својата конечна одлука и се врати во тимот откако Манчестер со соочуваше со сериозна криза во средниот ред.
Осум години подоцна, Гигс открива дека неговиот соиграч всушност се пензионирал поради Сер Алекс Фергусон, откако Шкотланѓанецот сфатил дека мора да ги дозира и да ги распределува натпреварите на кои ќе играат повозрасните играчи кои се клучни во тимот.
– Секој играч сака да игра секогаш, таков бев и јас. Имав доста различни аргументи со оние на Сер Алекс кога имав и 35 и 36 години. Ми беше потребно доста време за да се навикнам на тоа, на тоа да не играм секој викенд. Беше интересно, бидејќи истото се случуваше и со Сколси. Јас сум една година постар од него, а тој не можеше да се помири со тоа. Му беше многу тешко.
– Поради таа одлука на Фергусон се пензионираше, не можеше да се носи со таа ситуација, не можеше да се помири дека нема да игра секој викенд. Сколси сакаше да тренира секој ден и да игра секој меч. Тој се пензионираше, продолжи да ги тренира резервите, но тренираше секој ден и беше најдобар на тренинзите како и обично. Се чувствуваше добро и затоа всушност се врати и ја прекина пензијата, – открива Гигс.
-
Свет21 час
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија22 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично