Поврзете се со нас

Свет

Гигс се отвори и даде неочекувано признание: Навистина размислував да си одам…

Објавено

на

Легендарниот поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс во моментов со успех ја води репрезентацијата на Велс.

Селекторската позиција во Велс е негов прв официјален тренерски ангажман откако претходно работеше како асистент на Дејвид Мојс и Луи Ван Гал. Четири натпревари помина и како привремен тренер на клупата на Манчестер Јунајтед.

Сега, во интервју за „Сан“, Гигс кој со Велс се пласираше на Европското првенство призна дека размислувал да ја напушти селекцијата уште пред да го има првиот натпревар на клупата.

– Се сеќавам кога бев во автобусот пред мојот прв натпревар за Велс во Кина. Си размислував дека тоа ќе биде мој прв и последен натпревар. Не сакав да го правам тоа повторно.

– Го водев тимот само неколку дена, го подготвував најдобро што можев, но ништо не ми одеше од рака. Ужасно чувство.

– Но како што поминуваше времето, се навикнував. Стануваше полесно, но се уште не ми е лесно. Подемите се високи, повисоки отколку кога сте фудбалер, а падовите се многу полоши, -изјави Гигс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни