Англија
Гигс: Само четворица играчи не го искусија „фен третманот“ на Ферги
Сер Алекс Фергусон си направи свое место во историските читанки на Премиер лигата како еден од најголемите фудбалски мозоци кои некогаш се појавиле во фудбалот, но наспроти цела харизма и почит која ја носеше со себе, легендарниот Шкотланѓанец е добро познат меѓу фудбалерите по својот таканаречен „фен третман“.
Ферги никогаш не признаваше фудбалски ега и самите фудбалски ѕвезди признаваат дека биле сведоци на бесни изданија на тренерот кога им се внесува и вика в лице, а дел од оваа избрана група на играчи е и незаборавниот Рајан Гигс кој цела своја играчка кариера ја мина на „Олд Трафорд“.
Фантастичниот крилен фудбалер вели дека тој не бил поштеден од „фен третманот“ на својот омилен тренер, но сепак ги наброја четирите фудбалери кои биле исклучоци и кои не добиле „превоспитување“ од Фергусон.
– Има тројца или четворица играчи на кои Фергусон никогаш не им се внесе во лице. Ерик Кантона е првиот, Брајан Робсон е вториот, а потоа Рој Кин и Кристијано Роналдо. Сите тие на некој начин беа „меч победници“, луѓе кои имаа посебен статус, – вели Гигс за „БеИН Спортс“ и додава.
– Тие си ја правеа својата работа на теренот, па Ферги не почувствува потреба да го направи тоа и со нив, – заврши Гигс.
-
Балкан18 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет21 час
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација20 часа
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет19 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија17 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан15 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)