Поврзете се со нас

Англија

Гигс посочи какво засилување му е неопходно на Солскјер

Објавено

на

Манчестер Јунајтед вчера одигра 1:1 во дербито со Тотенхем и успеа да се спаси од непријатен пораз во завршницата, дел од играта во кој тимот на Оле Гунар Солскјер се прикажа во најдобро светло и во кој за малку не се избори за комплетен пресврт.

Влегувањето на Пол Погба донесе значителна свежина во играта на Јунајтед, и навистина интересно беше да се види како функционираат Французинот и Бруно Фернандеш во ист тим.

Рајан Гигс даде позитивен коментар за новиот двоец во средниот ред на Оле Гунар Солскјер, но исто така нагласи дека Јунајтед и натаму е три или четири засилувања зад градскиот ривал Манчестер Сити. Легендарното крило говореше за Грилиш како потенцијално засилување за наредната сезона, но потенцираше дека на тимот неопходно му недостасува и нов напаѓач.

– Грилиш е квалитетен играч и ако стои на располагање ова лето, Јунајтед ќе биде заинтересиран за него. Тој изгледа како играч кој може добро да се снајде во Јунајтед. Не се плаши да ја прими топката и изнудува безброј прекршоци.

– Сепак, ќе кажам дека неопходно ни треба нов напаѓач. Ни треба човек кој ќе стои длабоко во шеснаесетникот и ќе дава по 25 голови во сезона. Се уште сметам дека ни се потребни уште три или четири засилувања за да го стигнеме Сити. Сепак, она што воодушевува во овој момент е возбудата која се раѓа со играта на Пол Погба и Бруно Фернандеш, – нагласи Гигс.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни