Гигс посочи двајца играчи кои треба да ги купи Јунајтед: Тие можат да ја отклучат вратата!

gigs-1

Оле Гунар Солскјер беше задоволен од залагањето на неговите играчи на вчерашното гостување на „Енфилд Роуд“, без разлика на тоа што на крајот мораше да се помири со пораз од 2:0 кој беше и повеќе од заслужен.

Ливерпул доминираше во најголем дел од дерби пресметката меѓу лутите ривали и докажа дека во овој момент е далеку подобар тим од Јунајтед, па после сите првични анализи кои ги направија англиските експерти, денеска пристигна и една интересна анализа од страна на легендарниот Рајан Гигс.

Незаборавното крило кое сега работи како селектор на Велс будно ги следи случувањата на „Олд Трафорд“, а по вчерашното дерби со Ливерпул, заклучи дека на Оле му недостасуваат играчи како Грилиш од Астон Вила или Медисон од Лестер кои можат да направат разлика во офанзивните задачи на средината на теренот.

– Солскјер нема доволно добри играчи. Мислам дека е краток за неколку играчи кои можат да направат разлика. Позицијата број „10“ е многу чувствителна, колку и да е добар Погба, тој покажа голема неконстантност. Во свое најдобро светло, тој може да биде играч за таа позиција, но мислам дека на Јунајтед му фалат играчи како Грилиш и Мадисон. Тип на играчи кои можат да ја отклучат вратата и да направат разлика. Мислам дека на Оле му се дадени два или три преодни рока за да го добие тоа што го сака. Првиот беше добар, а сега треба да добие нови играчи кои ќе го следат неговиот начин на игра, – вели Гигс за „Ток Спорт“.

Facebook Коментари