Англија
Гигс обелодени каков говор имал Ферги по двете загубени титули во седум дена: Сите бевме изненадени
Рајан Гигс беше дел од сите огромни успеси на Манчестер Јунајтед под водство на Сер Алекс Фергусон, а запрашан за тоа како играчите ги славеле сите големи трофеи под водство на шкотланѓанскиот стручњак, легендарното крило откри една интересна анегдота.
Манчестер Јунајтед ги освои титулите во Премиер лигата во 1993-та и 1994-та година, но не успеа да стигне до „хет-трик“ во 1995-та година кога во тесна трка ја изгуби битката со Блекбурн кој направи изненадување за паметење. Јунајтед во последното коло не го победи Вест Хем и пропушти шанса да стигне до титулата, а седум дена подоцна, загуби и во финалето на ФА купот од Евертон.
Овие два тешки удари незгодно ги поднеле играчите, но Фергусон ги шокирал со лудиот предлог да ги слават поразите како да освоиле титули.
– После загубеното финале во ФА купот, Фергусон влезе и сите не изненади. Напорно работевте цела сезона, одете да славите. Интересно е што навистина една од најдобрите прослави ја имавме токму после овие два порази. Говорот на Сер Алекс беше посебен, една недела претходно ја загубивме титулата во Премиер лигата на меч со Вест Хем.
– Ни порача: ова е тешка сезона, не можевте да направите повеќе. Ќе направиме повеќе следната година, а сега уживајте. Ја имавме најдобрата забава после тоа, една од најдобрите, иако загубивме, – открива Гигс за „БеИН Спортс“.
-
Балканпред 20 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 7 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 7 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Македонијапред 5 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 11 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 11 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 22 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик