Гигс најде нов ангажман

rajan-gigs-23898328

Рајан Гигс беше без работа уште откако си замина од позицијата асистент тренер во Манчестер Јунајтед минатата година.

Легендата на „црвените ѓаволи“ денеска потпиша двегодишен договор со ПВФ фудбалската академија во Виетнам. Според договорот, Велшанецот ќе работи како консултант и ќе тренира млади играчи и ќе обучува тренери за време на две посети годишно.

ПВФ соопшти дека Гигс ќе игра клучна улога во нивниот развој во водечки младински тренинг центар во Виетнам. Самиот Гигс ја потврди веста, но вели дека не станува збор за позиција со полно работно време.

Гигс беше заинтересиран за неодамна испразнетите тренерски места во Лестер и Евертон, но извиси и во двата случаи.

Facebook Коментари