Гигс ја испофали најдобрата трансфер зделка на Јунајтед: Сите знаат што ќе направи, но не може да го сопрете! (Видео)

gigs-nasmean

Манчестер Јунајтед во последните моменти од летниот преоден рок во Англија го осигура потписот на Хари Мегваер, а иако стоперот на Лестер се претвори во бомбастично засилување на „црвените ѓаволи“, сепак едно друго засилување го украде шоуто на стартот на новата натпреварувачка сезона.

Даниел Џејмс е вистинско освежување во составот на Оле Гунар Солскјер и младиот крилен напаѓач постигна три гола на првите четири меча како првотимец на Јунајтед, а навистина извонредно е тоа што Манчестер во дадената ситуација потроши само 15 милиони фунти за неговиот трансфер. Џејмс навистина брзо докажа дека станува збор за голем талент кој во иднина може да му донесе многу на тимот, а воодушевен од младото крило е и Рајан Гигс кој го испофали 21-годишникот откако Велс ја победи Белорусија со 1:0 благодарение на голот кој го даде Дани.

– Џејмс е еден од оние играчи кои знаете што ќе направат, но не можете да ги сопрете. Веќе има премногу голови кои ги дава од таа позиција и на тој начин. Уште кога го гледав во помалите категории, знаев дека има простор за голем напредок, особено во завршницата. Знам дека може уште повеќе, но тоа што го прави на стартот на сезоната е неверојатно. Следно е да стекне континуитет и постојано да го покажува ова ниво, но убеден сум дека станува збор за играч кој поседува такво нешто, – изјави Гигс.

Facebook Коментари