Поврзете се со нас

Англија

Гигс ги извои двајцата најдобри соиграчи во кариерата: Едниот беше брилијантен, вториот нестварен на тренинзите

Објавено

на

Рајан Гигс цела играчка кариера му ја посвети на Манчестер Јунајтед и мина незаборавни моменти на „Олд Трафорд“, а со оглед на тоа што црвениот дрес го носеше 24 години, тој во соблекувалната се соочи со различен тим на играчи и секаков вид на карактери.

Легендарниот велшки фудбалер сигурно зазема посебно место во новата историја на клубот која е и најуспешна за „ѓаволите“, но кога требаше да направи потесен избор за најдобрите соиграчи со кои играл во кариерата, крилниот фудбалер се задржа на две имиња.

Како што вели Гигс, најдобриот од сите е Кристијано Роналдо, додека од соиграчите со кои најдолго ја делеше соблекувалната, го избра Пол Сколс.

– Најдобриот играч со кој играв е Кристијано Роналдо. Тој беше кратко време во тимот во споредба со другите играчи, но беше брилијантен во секој поглед. Потоа беше уште подобар во следниот клуб, или најмалку идентично добар како во Јунајтед.

– Од друга страна, Сколси е најдобриот соиграч од оние со кои долго игравме заедно. Кога го гледавте на тренинг, едноставно не можевте да му се приближите. Неговиот мозок беше побрз од било кој друг, неговото ниво на пасови беше валкано добро. Беше нестварен на тренинзите, – се потсетува Рајан во разговорот за официјалниот јутјуб канал на Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни