Поврзете се со нас

Англија

Гигс даде оценка за играчите кои се на мета на Јунајтед: Двајцата се одлични, интелегентни…

Објавено

на

blank

Селекторот на Велс, Рајан Гигс направи кратка анализа и даде свој коментар за играчите кои се на мета на неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.

Се работи за двајца офанзивци Џек Грилиш од Астон Вила и Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, двајца фудбалери кои според легендарниот Гигс можат да бидат вистински погодок за клубот од „Олд Трафорд“.

-Двајца добри играчи. Грилиш е навикнат на Премиер лигата и нема да има потреба од прилагодување што секако е добро. За мене како човек однадвор, ми изгледа дека има менталитет да дојде и воопшто тоа да не му пречи. Одредени играчи можат да потонат. Исто така, добра работа оваа година е што тој има десет гола и влезе во двојни бројки, така што ќе биде еден знак прашалник што би го имал со него: дали дава доволно голови? Да се дојде до двојни бројки без пенали за Астон Вила е импресивно.

-Санчо е брз, директен, но и интелигентен играч. Она што го сакам за него е кога ќе влезе во нив завршниот дел со топка, тој не паничи. Многу брзи играчи тоа го прават, но Санчо секогаш го бира вистинскиот пас. Исто така е играч за контра-напади ако играме на тој начин, но исто и ако тим се брани, знае како да се ослободи од играчите и овозможи да се развие акција. Тоа се две засилувања кои ако се достапни и ако можеме да ги добиеме, веднаш ќе ги ангажирав, -истакна Гигс.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни