Поврзете се со нас

Светски првенства

Гидсел пред финалето со Хрватска: Ако треба ќе играм без нозе и без глава

Објавено

на

Утре е големото финале на 29. Светско ракометно првенство, битка меѓу Данска и Хрватска закажана за 18 часот во Осло.

Скандинавците се апсолутни фаворити на овој меч без разлика што е пресметка за титула, а една од главните причини за тоа е неверојатниот Матијас Гидсел.

Гидсел е вистински лидер, предводник на оваа генерација, ас кој е најголема опасност за секој противник, па тој е максимално мотивиран да се дојде до ново светско злато.

-Разговаравме за некои работи на полувремето и во вториот дел покажавме колку навистина сме добри. Ние сме тимот што треба да го победите за да станете светски шампиони. Горд сум на овој тим. Не само затоа што сме одлични ракометари, туку затоа што се држиме заедно и се поддржуваме.

-Сега можеме повторно да освоиме злато. Веројатно ќе ме боли цела, но ќе играм во недела и без моите нозе или без глава ако треба. Со нетрпение ја очекувам можноста да го донесам златото дома во Данска, -порача Матијас по вчерашниот триумф над Португалија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни