Светски првенства
Гидсел откри каква порака добил од Дувњак, па му се поклони на легендарниот Хрват

Матијас Гидсел постигна десет голови во финалето со Хрватска и покажа дека моментално е убедливо најдобар ракометар во светот, примат кој беше зацврстен со МВП призание на 29-от мундија.
Данската суперѕвезда одигра нов извонреден турнир и истиот го заврши и како најдобар стрелец, но покрај тоа што е фантастичен за време на натпреварите, Гидсел вчера покажа класа и по последниот звук на сирената.
Пред да тргна да ја прославува новата шампионска титула, Гидсел му се приближи на Домагој Дувњак и му честиташе за неверојатната репрезентативна кариера, на која популарниот Дуле вчера реши да стави крај.
Гидсел и Дувњак завршија во спортска прегратка во самиот финиш, а Данецот откри и каква порака добил од поискусниот колега.
– Дувњак ми порача дека не сум нормален, а јас му одговорив дека сум нормален и дека сум само Данец. Потоа со доста лош германски јазик му честитав на неверојатната кариера. Дувњак не е само еден од најдобрите ракометари во историјата, тој е голема инспирација за сите идни хрватски и дански ракометари. Кога ќе бидам на негова возраст, сакам да бидам како него, доминантен и лидер на теренот, – изјави Гидсел.
-
Лига на шампиони23 часа
Пеналот во ЛШ ја крена на нозе цела Италија: Завршивме со фудбалот! (Видео)
-
Англија16 часа
Мареска донесе одлука, Челси има нова „единица“
-
Македонија24 часа
Омерагиќ им се обрати на судиите пред пролетниот дел од сезоната: Мојот телефон не е тајна, нема простор за манипулации!
-
Лига Европа16 часа
Балканците му донесоа убедлива победа на Фенербахче, Сосиедад славеше во Данска (ВИДЕО)
-
НБА24 часа
Кајри-шоу од кое застанува здивот: Ирвинг постигна три тројки за 40 секунди и го откажа Голден Стејт (Видео)
-
Конференциска лига14 часа
Николов и Шишковски славеа со Борац Бања Лука, Антони со мајсторија ја најави победата на Бетис (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Тажна вест: Почина младото момче на кое Мбапе му ја исполни последната животна желба (Видео)
-
Боречки спортови21 час
Се ближи неизбежното: Усик најави уште две големи борби пред да стави крај на кариерата