Поврзете се со нас

Европски првенства

Гидсел искрен по шокот во Скопје: Македонија нѐ приземји…

Објавено

на

Данските репрезентативци нема по добро да го паметат гостувањето во Скопје, а поразот од македонскиот национален тим им направи дополнителен притисок во пресрет на вториот натпревар со истиот противник.

Македонија победи со 33:29, а еден од најдобрите дански поединци на последното Светско првенство, Матијас Гидсел, по средбата призна дека не очекувале ваков пораз.

– Очигледно е дека домаќините беа помотивирани на оваа средба. Имаат нов стручен штаб и тоа како да им даде дополнителна самодоверба, а ние се прикажавме во лошо издание.

– Ова е лошо искуство за нас, Македонија не приземји по триумфот на Светското првенство. Не ни одеше играта ниту во одбрана, ниту во напад, но ќе се обидеме да се поправиме на вториот натпревар, – изјавил Гидсел, кој во Скопје постигна 3 гола.

Втората средба меѓу истите противници се игра веќе во недела во Данска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни