НБА
Гиди ги шокираше Лејкерс со кош за победа од центар (Видео)

Натпреварот меѓу Чикаго и Лос Анџелес Лејкерс ја донесе најлудата завршница во актуелната НБА сезона, а на крајот на победата се радуваа домаќините.
Откако на претходниот натпревар токму Лејкерс славеа со поени на ЛеБрон Џејмс во последната секунда, сега среќата им го сврте грбот на гостите од Ел-Еј, а херој на „биковите“ е Џош Гиди.
Лејкерс неочекувано загубија топка на плус два и дозволија Чикаго да поведе со тројката на Вајт, Ривс возврати со полагање на спротивната страна, но тоа не беше последниот збор на домашниот тим иако останаа само околу три секунди до крајот.
Гиди ја зема топката и погоди од центарот на теренот, предизвикувајќи голема еуфорија во арената.
THE ENDING OF BULLS-LAKERS OMG 😱😱😱 pic.twitter.com/PhHOjSKdS7
— SportsCenter (@SportsCenter) March 28, 2025
Херојот на Чикаго го заврши дуелот со трипл-дабл ефект, односно 24 поени, 14 скокови и 11 асистенции, а најефикасен беше Вајт со 26 поени.
Во редовите на Лејкерс се истакнаа Ривс со 30 и Дончиќ со 25 поени.
Единствената добра вест за ЛеБрон и компанија е што и Мемфис загуби од Оклахома Сити, па двете екипи остануваат со ист ефект во финишот на регуларниот дел од сезоната.
Кливленд – Сан Антонио 124:116
Орландо – Далас 92:101
Вашингтон – Индијана 109:162
Мајами – Атланта 122:112
Чикаго – Л.А Лејкерс 119:117
Оклахома – Мемфис 125:104
Јута – Хјустон 110:121
Сакраменто – Портланд 128:107
-
Шпанија10 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа24 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
Англија11 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
НБА13 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Лига на шампиони7 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)