Поврзете се со нас

Европски првенства

Гичевска: Долго им париравме на Романките, верувам во подобра иднина

Објавено

на

Македонија го заврши настапот на ракометното Европско првенство со пораз од Романија, трет за нашата женска репрезентација на натпреварите кои ги играше пред домашните фанови во Скопје.

Одличното прво полувреме не беше доволно за подвиг против фаворизираната селекција, а Леонида Гичевска по средбата истакна дека најмногу жали што Македонија не успеа да ја израдува македонската публика.

– Многу ни е криво за поразот, посебно што денес по третпат поддршката од трибините беше одлична.

– Жално е затоа што по десет години добивме шанса да играме на вакво натпреварување и не ја искористивме шансата на подобар начин. Ние Дадовме се од себе, тоа се виде на теренот, бевме рамноправни во голем дел од натпреварот со Романија.

– Доколку миневме во главната фаза ќе имавме уште полесен противник во квалификациите за Светското првенство, но сметам дека на оваа репрезентација ѝ претстои одлична иднина. Мислам дека ќе се радуваме на успеси во иднината“, изјави Гичевска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни