Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ги спои судбината, Пирло во Лигата на шампионите дебитира против тренерот кој му овозможи деби настап во Бреша

Објавено

на

Андреа Пирло вечерва ќе го има своето „огнено крштевање“ и во најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите.

Јувентус од 18:55 часот ќе гостува кај украинскиот претставник Динамо Киев кој од клупата е предводен од човекот кој му овозможи деби настап како фудбалер на Андреа Пирло во дресот на Бреша пред 25 години.

Судбината сакаше легендарниот Мирчеа Луческу да застане на патот на Пирло во неговиот прв натпревар како тренер во Лигата на шампионите.

Во мај 1995 година кога Луческу беше тренер на Бреша му даде шанса на тогаш 16 годишниот тинејџер да настапи во првиот тим на клубот, а се останато потоа е исотрија.

– Луческу беше мој прв тренер, ме стави во првиот тим кога имав 15 години, а дебитирав со 16 години. Се уште сме во контакт, секогаш ќе му бидам благодарен, а ова ќе биде одлична можност да го предизвикам.

– Ја имав среќата да работам со големи тренери, од Луческо кој беше мој прв тренер во Бреша до маестрото Липи, па Анчелоти, Конте и Алегри. Среќен сум што имав шанса да работам со нив, ќе се бидам да искористам нешто од секој од нив, -изјави Пирло пред вечерашниот натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни