Поврзете се со нас

Свет

Ги остави зад себе Халанд и Мбапе: Меси повторно прогласен за најдобар играч на светот!

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/InterMiamiCF

Ѕвездата на Интер Мајами и на аргентинската репрезентација, Лионел Меси е прогласен за најдобар играч на светот за 2023 година, поточно ја доби наградата „The Best“ која ја доделува Светската фудбалска федерација (ФИФА).

На свечената церемонија во Лондон, лидерот на „гаучосите“ беше прогласен за најдобар, но и тој како и останатите двајца финалисти Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд не беба присутни на истиот.

Капитените, тренерите, медиумите и фановите гласаа, а Меси и Халанд на крјаот имаа подеднаков број на поени (48), но оглед на тоа што Лео доби поголем број на поени од лидерите на националните тимови тој ја понесе оваа престижна награда по трет пат во кариерата (2009, 2012, 2023).

Аргентинскиот ас се најде и во најдобриот тим заедно со Куртоа, Вокер, Стоунс, Дијаш, Силва, Де Брујне, Белингем, Халанд, Мбапе и Винисиус Жуниор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни