Поврзете се со нас

Англија

Ги израдува „црвените ѓаволи“: Фернандеш со победнички погодок го одбележа јубилејот во дресот на Јунајтед (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Манчестер Јунајтед ги освои трите бода во соочувањето со Фулам во прваат средба од денешната програма од 11. коло во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ бараа позитивен резултат, победа по тешките порази од Манчестер Сити и Њукасл во изминатава седмица, цел која на крајот ја остварија благодарение на капитенот Бруно Фернандеш.

Се некако изгледаше дека мечот на „Кревин Котиџ“ ќе заврши без голови, но во 91 минута Португалецот убаво се снајде и успеа да ја испрати топката во мрежата на Лено. Со ова Бруно на најдобар можен начин го одбележа јубилејот, 200. натпревар во дресот на англискиот великан.

Сега клубот од „Олд Трафорд“ има учинок од 6 победи и 5 порази што е доволно за 6 место со 18 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни