Поврзете се со нас

Светски првенства

Гест за голем респект: Данците му дозволија на Дувњак да го постигне последниот гол во финалето (Видео)

Објавено

на

Домагој Дувњак денеска ги одигра последните минути за Хрватска во својата богата репрезенативна кариера, која на крајот ја завршува со освоен сребрен медал на 29-то Светско првенство.

Иако потајно го посакуваше златото, Дувњак и неговите помлади соиграчи денеска дознаа дека немаат што да бараат во дуелот со моќната Данска, која со убедливото издание стигна до четвртата светска титула во низа.

Дувњак и Игор Карачиќ денеска го имаа последниот ракометен танц на едно големо репрезентативно натпреварување, а Данците покажаа класа со своето однесување во завршните секунди.

Во моментите кога беше решен победникот и кога се чекаше звукот на сирената, Данците му дозволија на Дувњак да го постигне својот последен гол во едно финале на Светско првенство, гест кој наиде на многу позитивни критики во јавноста.

Данците на овој начин покажаа дека се големи шампиони, но истовремено и големи џентлмени.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни