Поврзете се со нас

Германија

Германските медиуми потврдија принудна пауза за Кејн

Објавено

на

foto: x.com/FCBayern

Хари Кејн беше принудно заменет на вчерашното германско дерби меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, а денеска пристигнаа и првите информации за карактерот на проблемот кој го има англискиот напаѓач.

Германските медиуми пренесуваат дека првите прегледи на Кејн покажале дека заработил мускулна повреда од полесен карактер, но истата дефинитивно бара одредена пауза.

Потврдено е дека Кејн ќе пропушти најмалку два натпревара, што подразбира дека нема да биде во комбинација за дербито во Купот против Баер Леверкузен во вторник.

Англискиот напаѓач ќе го пропушти и дуелот со Хајденхајм во Бундеслигата на 7. декември, а останува да се види дали ќе има подобрување во пресрет на пресметката со Шахтјор во Лигата на шампионите.

Баерн вчера одигра 1:1 на гостувањето кај Борусија и сега има седум бодови предност во однос на шампионот Баер Леверкузен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни