Германскиот тим Рајман победи на „Скопје ајс фестивал 2017“

hokej-turnir-skopje

Хокеарскиот клуб Рајман од Германија е освојувач на 6. традиционален „Скопје ајс фестивал“. Тие денеска во финалниот меч го совладаа домашниот Металург со 7:2. Третото место на турнирот го освои екипата Торпедо од Букурешт.

За најдобар играч на турнирот е прогласен Дмитриј Прокудин од Металург.

Хокеарскиот турнир, во чест на ослободувањето на Скопје, се одигра викендов на лизгалиштето во ВИП Арената при „СЦ Борис Трајковски“, во организација на Хокејарската федерација на Македонија, помогнато од Агенцијата за млади и спорт на РМ, Тотал ТВ и Водовод – Скопје.

Facebook Коментари