Германија
Германскиот шампион ќе добие нов тренер: Тухел си заминува од Баерн!
Најголемиот германски клуб, Баерн Минхен одлучи да се раздели со стратегот Томас Тухел по крајот на оваа натпреварувачка 2023/2024.
Тухел пред една година седна на жешкото столче на „баварците“ наследувајќи го Јулијан Нагелсман, но не се прослави во овој период иако успеа да ја освои титулата во Бундеслигата по големиот кикс на Борусија Дортмунд во последното коло во минатата кампања.
Во актуелнава сезона пак баварците останаа без трофејот во Супер Купот, доживеаа шокантна елиминација од Сарбрикен во Купот, заостануваат осум бод зад лидерот Леверкузен во домашниот шампионат, а загубија и од Лацио во првата средба од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Сето ова придонесе двете страни да седнат на маса и да се договорат дека најдобро е да се разделат по крајот на оваа година.
-Се договоривме дека ќе ја завршиме соработката по оваа сезона. Дотогаш јас и мојот тренерски тим секако ќе продолжиме да правиме се што можеме за да обезбедиме максимален успех, -порача Тухел кој имаше договор до 30 јуни 2025 година, ама тој ќе заврши многу порано.
-
Светски првенства18 часа
Белами: Македонија е поинаков предизвик за нас
-
Шпанија13 часа
Димитриевски застана на голот на Валенсија во Примера, „лилјаците“ загубија на „Хосе Зорилја“ и паднаа на последното место (ВИДЕО)
-
Шпанија24 часа
Жалбата на Барселона одбиена, Флик се сели на трибина
-
Репрезентација15 часа
Гостински предизвици на почетокот и крајот на квалификациите: Познат распоредот на македонската репрезентација на патот до СП (ФОТО)
-
Свет20 часа
Белгија првпат немаше селектор на ждрепката за СП, медиумите ја открија причината за отсуството на Тедеско
-
Шпанија18 часа
Пике откри кој му омилен играч од Барселона и посочи два клуба кои најмногу ги почитува
-
Англија23 часа
Манчестер Сити објави рекордни приходи во историјата на Премиер лигата
-
Репрезентација22 часа
Милевски за противниците во квалификациите за СП: Ждрепката во Цирих носи надеж за добар пласман