Поврзете се со нас

Свет

Германскиот селектор со подла тактика: Нагелсман побара од свој играч да изглуми повреда, Австријците го нападнаа (Видео)

Објавено

на

Foto:Philipp Reinhard/DFB

Јулијан Нагелсман го доживеа и вториот пораз како германски селектор и како клучен фактор за тоа ја посочи лошата игра во одбрана, за која беше доста искрен и нагласи дека не верува дека ќе се подобри и на Европското првенство наредната година.

Новиот германски селектор обрзложи дека Германија е навикната да игра офанзивно и ќе мора да го пронајде вистински рецепт за да се избалансира лошата игра во одбрана, но кога е во прашање дуелот во Виена кој неговиот тим го загуби со 2:0, за истакнување и една и ситуација на стартот на вториот дел.

Нагелсман се најде на удар од австриските медиуми поради подлата тактика која ја употреби на стартот на вториот дел, кога по црвениот картон кој го заработи Сане, бараше од свој играч да глуми повреда.

На видеото добро се гледа како Јулијан бара од својот голман Кевин Трап да исценира повреда, користејќи го лукавото фудбалско правило кое во минатото го има применето Жозе Мурињо.

Само повреда на голман ја прекинува играта и прави судијата да почека со рестартот додека да му се укаже лекарска помош, а Нагелсман тоа го исценира со цел да ги реорганизира своите фудбалери и да им даде нови инструкции за понатамошниот дел од мечот.

Што и да кажа, тоа не беше доволно добро за Германците, кои во продолжение примија уште еден гол и загубија со 2:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни