Поврзете се со нас

Олимписки игри

Германскиот селектор по денешниот пораз: Нека извинат Французите, ама Србија…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/DBB_Basketball

Гордон Херберт имаше одличен учинок како селектор на германската кошаркарска репрезентација, а тој и неговите репрезентативци не успеаја да ги комплетираат успесите со олимписки медал.

Актуелниот светски шампион немаше сили вторпат по ред да ја победи Србија на големите натпреварувања и денеска загуби во битката за бронзата на Олимписките игри во Париз.

По натпреварот, Херберт зборувал пред новинарите и истакнал дека Србите биле многу поквалитетен противник од Франција, селекцијата која ја победи Германија во полуфиналето и вечерва ќе се бори за златото.

– Не завршивме како што посакувавме, но овие момци дадоа се од себе изминативе три години.

– Честитки за Србија и нека ми извинат Французите, ама српската селекција беше најквалитетен противник со кого се соочивме досега на овие Олимписки игри, – рекол Херберт.

Досегашниот селектор ќе го преземе Баерн Минхен, а федерацијата најави дека наскоро ќе го соопшти името на неговиот наследник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни