Поврзете се со нас

Англија

Германскиот „бомбардер“ си обезбеди добар договор: Филкруг се сели во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Никлас Филкруг доживеа најдобри играчки денови во раната фаза на четвртата деценија од животот, а извонредната сезона која ја имаше во Борусија Дортмунд направи да биде и важен германски репрезентативец.

Искусниот 31-годишен голгетер се етаблираше како еден од најубиствените напаѓачи во Европа изминатава сезона, па и покрај тоа што уживаше статус на сигурен стартер во Борусија, „милионерите“ проценија дека е вистинско време за разделба и за заработка од неговиот трансфер.

Филкруг на маса доби понуда која не се одбива со оглед на актуелната заработка која ја имаше во Дортмунд, а Борусија како џентлмеск клуб реши да не му стои на патот и го олесни неговиот премин во Вест Хем.

Угледните германски медиуми откриваат дека Борусија и Вест Хем ги прецизирале сите детали за комплетирање на зделката, според која Дортмунд ќе заработи околу 30 милиони евра.

Филкруг ги спакувал куферите и веќе е на пат кон Лондон, па денеска или најдоцна утре се очекува да позира со новата опрема на Вест Хем.

Според информациите, Филкруг ќе заработува три милиони евра по сезона во Вест Хем, а лондонскиот клуб ќе исплати фиксни 26 милиони евра, но и уште 4 во вид на бонуси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни