Поврзете се со нас

Лига на нации

Германски судии ќе ја делат правдата на мечот меѓу Македонија и Ерменија

Објавено

на

Македонската репрезентација не се прослави на пресметката со Фарски Острови во Торшавн, но шанса за поправен ќе има за два дена кога на националнара арена „Тодор Проески“ ќе ја дочекаме селекцијата на Ерменија која во првото коло во групата ја разби Летонија со 4-1.

УЕФА го одреди судијата кој ќе ја дели правдата во Скопје, тоа е 39-годишниот Хармс Осмерс. Се работи за германски арбитар роден во Бремен кој во актуелнава кампања беше главен на три средби и тоа Мајнц-Унион Берлин (Бундеслига) и Енерџи Котбус-Вердер Бремен (Куп) во Германија како и на соочувањето во квалификациите за Лига Европа меѓу Елфсборг и Молде.

На Осмерс ќе му помагаат Доминик Шал и Штефан Луп, четврти судија ќе биде Флоријан Екснер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни