Лига на нации
Германски судии ќе ја делат правдата на мечот Македонија-Фарски Острови
Македонија успешно го реши предизвикот Летонија (1-0), но во овој ноемвриски „прозорец“ во Лигата на нации не очекува уште еден натпревар и тоа со Фарски Острови, единствената селекција која не успеавме да ја совладаме во групата.
Средбата е закажана за в недела од 15 часот и секако ние имаме една, единствена цел, да ги освоите трите бода и на идеален начин да го заокружиме овој циклус во Лигата на нации преку кој напредувавме и дојдовме до Б дивизијата.
УЕФА веќе ги одреди арбитрите за оваа пресметка, па така правдата на националната арена Тодор Проески во Скопје ќе ја делат судии од Германија.
Главен ќе биде 34-годишниот Даниел Шлагер кој вчера беше четврти судија на средбата во Атина меѓу Грција и Англија. Тој беше четврти судија и на мечот Спортинг Лисабон-Манчестер Сити во Лигата на шампионите, поточно најчестите предизвици во изминатиов период му се во германските натпреварувања.
Рафаел Фолтин и Свен Вашхитски ќе бидат асистенти, Тимо Герах е четври арбитар, Даниел Зиберт е задолжен за ВАР, а ќе му помога Рием Хусеин.
-
Шпанија9 часаЕкс играч на Барселона кој погоди и на „Ел Класико“: Еден човек во клубот ми ја уништи кариерата
-
Италија23 часаКонечно е постигнат договор, Мората се враќа во Италија!
-
Англија14 часаСуперкомпјутерот пресмета кој има најголеми шанси за титулата во Премиер лигата
-
Англија15 часаСколс за летното засилување на Арсенал: Дали Артета навистина го сакаше? Дали ќе биде…
-
Свет13 часаСон и Милер истовремено потврдени како нови ѕвезди во МЛС
-
Италија11 часаМодриќ имаше интересно прашање за Пулишич на нивната прва средба (Видео)
-
Англија13 часаПрв конкретен потег: Премиерлигаш тргнува по потписот на Грилиш
-
Италија12 часаТехничкиот директор на Јувентус открил зошто клубот го променил пристапот со играчите кои се на трансфер листата