Германски репрезентативец морал да ја откаже свадбата поради „неочекуваниот“ повик за ЕП во Хрватска

bastian-roshek

Селекторот на германската ракометна репрезентација, Кристијан Прокоп, предизвика многу реакции поради одредени решенија поврзани со списокот на ракометари кои ќе настапат на Европското првенство во Хрватска.

Познати германски ракометни имиња реагираа поради некои чудни одлуки на Прокоп, но селекторот на актуелниот европски првак очигледно максимално изненади и еден репрезентативец кој не очекувал да се најде во Хрватска во вториот дел на јануари.

Се работи за дебитантот Бастијан Рошек кој е дел од националниот тим и поради тоа морал да ја откаже планираната венчавка и свадбена церемонија. Ракометарот на Лајпциг сакал да ја искористи паузата во домашното првенство и да се венча со својата долгогодишна девојка Линда, но селекторот му ги расипа плановите и сега ќе мора да ја одложи церемонијата за некоја наредна прилика.

Рошек откри дека се било договорено за церемонијата во Крефелд, но сега наместо на венчавка, во сабота ќе биде во салата во Загреб каде Германија ќе ја започне одбраната на титулата против Црна Гора.

Facebook Коментари