Поврзете се со нас

Англија

Германски новинар го има решението за Тотенхем: На Мурињо му е потребен „нов Пандев“

Објавено

на

Жозе Мурињо и во таборот на Тотенхем се мачи да го пронајде вистинскиот рецепт за успех и наместо за трофеи се бори за излез на европска сцена.

Веќе неколку години португалскиот стратег со своите тимови е надвор од трката за титули во првенствата, а како што стојат работите така ќе биде и во иднина доколку не пронајде нова идеја со која повторно ќе се наметне на фудбалската сцена.

Германскиот новинар, Фатих Демирели кој работи за спортскиот магазин „Сократес“ напиша цела колумна за Мурињо во која го спомна и нашиот Горан Пандев. Според Демирели, на Мурињо му е потребен нов Пандев за да ги сврти работите во Тотенхем во своја полза.

– Гледајќи го Пандев против Германија, Мурињо веројатно седел на својата софа во Лондон, пиел црвено вино и можеби се навратил во минатото, назад во 2010 година кога Пандев изгледаше како 37 годишник, но во неговите нозе беше многу пргав, толку пргав што човекот во Лондон веројатно размислил каков потег направил тогаш.

– Тогаш Мурињо имаше брилијантна идеја како трнер на Интер па еден класичен напаѓач претвори во лево крило, некој кој требаше повеќе да извршува дефанзивна работа отколку да игра во офанзивата. Тоа донесе и успех, затоа што клубот од Милано не беше само национален шампион, туку ја освои и Лигата на шампионите со Пандев во првиот тим на најважните натпревари, во друштво со Самуел Ето кој ги имаше сличните задачи на десната страна.

– Мурињо веќе има 151 натпревар во Премиер лигата, останува да видиме дали повторно ќе освои титула. За да го стори тоа треба да најде нова идеја, или можеби нов Пандев, -напиша Демирели во својата колумна која беше пренесена и на германското издание на „Goal“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни