Поврзете се со нас

Германија

Ждрепка за германскиот Куп: Фаворитите ќе играат пред своите фанови

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/bayer04_en

Осум германски екипи обезбедија место во четвртфиналето на националниот фудбалски Куп, а попладнево беше реализирана и ждрепка со која беа одредени паровите за оваа следна фаза.

Бранителот на трофејот, Баер Леверкузен во претходното коло го елиминира Баерн Минхен, а сега имаше поволна ждрепка и ќе игра на домашен терен со Келн.

Екипите кои имаат најголеми шанси да стигнат до триумф во Купот добија можност да играат на домашен терен, па покрај Баер, во таква ситуација се и и РБ Лајпциг и Штутгарт.

Тимот на нашиот Елиф Елмас ќе го пречека Волфзбург, додека Штутгарт на домашен терен ќе се соочи со Аугзбург. Третолигашот Арминија ќе биде домаќин на Вердер и ќе се обиде да го изненади фаворитот пред своите фанови.

Натпреварите од четвртфиналето ќе се играат во февруари, полуфиналето е на програмата во април, додека финалето е закажано за 24. мај во Берлин.

Баер Л. – Келн
РБ Лајпциг – Волфзбург
Арминија – Вердер
Штутгарт – Аугзбург

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни