Германија
Германската влада даде зелено светло: Познато кога се враќа Бундеслигата
Тоа што беше побарано од страна на Бундеслигата и Фудбалската Федерација на Германија, ова попладне доби зелено светло од страна на германската влада која предводена од Ангела Меркел излезе со позитивни вести за фудабласките фанови.
Без никаков сомнеж, Германците ќе бидат први кои ќе гледаат фудбал уште во месец мај и ова значи дека Бундеслигата е првото големо натпреварување кое ќе се рестартира.
Направените тестови за коронавирус кај фудбалерите ги задоволија властите и беше оценето дека е безбедно играчите да се вратат на теренот, иако фудбал ќе се игра во посебни услови. Досега се извршуваа тренинзи со запазување на сите мерки од кои полека дел се олабавуваат, па иако играчите ќе мора да се навикнат на едни поинакви услови кои дополнително ќе бидат утврдени, денеска стана јасно дека фудаблот во Германија е на повидок.
Известувањето гласи дека Бундеслигата ќе се реактивира во втората половина од месец мај, што значи дека најдобро сценарио ќе биде да гледаме елитен фудбал уште на 15-ти мај.
Сепак, според најавите на угледните новинари на „Билд“ и „Кикер“, многу поверојатно е второто сценарио за започнување на натпреварите на 22-ри мај, а како последен датум за рестартирање на Бундеслигата се споменува 29-ти мај.
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 24 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
АТПпред 13 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Англијапред 22 часа
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
Англијапред 8 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)
-
Италијапред 8 часа
Кварацхелија конечно стави крај на црната серија: Ми фалеше ова чувство…(ВИДЕО)