Поврзете се со нас

Репрезентација

Германската репрезентација без премиерлигашките ѕвезди на дуелот со Македонија

Објавено

на

Германија ќе биде голем фаворит во дуелот со македонската фудбалска репрезентација, но селекторот Јоаким Лев нема да смета на голем број квалитетни играчи кои настапуваат во едно првенство.

Се работи за репрезентативците од Премиер лигата, кои нема да настапат на претстојните три средби од квалификациите за СП, поради актуелните строги правила за патување наметнати од државите.

На списокот на Лев нема да бидат Вернер, Хаверц и Ридигер од Челси, Гиндоган од Манчестер Сити, како и Лено од Арсенал, кој веројатно има и најмали шанси за настап во оваа група.

Информацијата ја потврдил селекторот Лев за „РТЛ“ притоа наведувајќи дека тоа е најлогично решение во ситуацијата во која фудбалерите при враќањето на британска територија би морале да одат во долг карантин.

Лев ќе ги повика тинејџерите Мусиала и Вирц за квалификациите и дуелот со Македонија

УЕФА и ФИФА нема да им создаваат проблеми на клубовите доколку решат да не ги пуштат своите фудбалери во националните тимови додека трае пандемијата, а овој проблем е и причина за одлагањето на квалификациските натпревари во јужноамериканската зона.

Германија ја пречекува Македонија на 31. март во Дуизбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни