Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Германската ладнокрвност: Тони Крос коментирал натпревар од втора лига половина час пред реваншот на „Енфилд“!

Објавено

на

Тони Крос во безброј наврати ја демонстрирал својата германска ладнокрвност како ѕвезда на Реал Мадрид, а сега по новиот пласман на „кралевите“ во полуфиналето во Лигата на шампионите, добивме уште еден доказ за специфичниот карактер на неуморниот играч за врска.

Приказната ја открива неговиот брат Феликс Крос, а истата доаѓа од увертирата за реванш четвртфиналето на „Енфилд Роуд“ во кое Реал Мадрид успеа да се одбрани и без примен гол да се пласира во претпоследната нокаут рунда пред големото финале во најелитното натпреварување.

Феликс обелоденува дека Тони е до толку опуштен пред големите и најзначајните натпревари, што пред два дена коментирал натпревар од втората германска фудбалска лига на половина час пред дуелот со Ливерпул.

– На Тони може да му се јавите навистина во било кое време, може да му се јавите и пет минути пред финале на Светско првенство и да поразговарате со него. Пред реваншот со Ливерпул, зборувавме за натпреварот меѓу Оснабрик и Регензбург во втората германска лига.

– Овој натпревар беше важен за мене и Ајнтрахт Брауншвајг со оглед на тоа што се бориме за опстанок. Натпреварот заврши 0:1, а Тони коментираше дека е задоволен од исходот. Тоа се случуваше неполн половина час пред дуелот со Ливерпул, – открива Феликс Крос за „ДАЗН“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни