Поврзете се со нас

Шпанија

Германска ригидност: Познато зошто Флик го остави Пења на клупата за резерви

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Ханси Флик воведе низа нови правила како тренер на Барселона, но ако треба да се бира едно околу кое е најригиден, тоа дефинитивно е точноста.

Германскиот стручњак е крајно непопустлив кога се во прашање доцнењата на тренинзите и тимските состаноци, а поради таков пропуст, вчера остави на клупата за резерви играч кој беше очекуван стартер во полуфиналето во Џеда.

Ињаки Пења беше предодреден за стартер голман во дуелот со Атлетик Билбао, но едно негово невнимание направило да биде преселен на клупата за резерви.

Како што јавуваат сите угледни шпански медиуми, младиот голман задоцнил при излегувањето од хотелот и не пристигнал навреме за тимскиот состанок кој го водел Ханси Флик, по што експресно заработил казна од страна на германскиот стручњак.

На негово место, улогата на стартер му припадна на искусниот Војчех Шчесни, па со овој пример Ханси само уште еднаш покажа дека правилото важи за сите, исто како што важеше и за Кунде пред два месеци кога не играше против Алавес поради доцнење на тренинг.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни