Поврзете се со нас

Германија

Германска прецизност: Баерн менува цел тревник на „Алијанц арена“ за само пет дена (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен важи за клуб кој има еден од најатрактивните и намодерните стадиони во светот, не само поради самата конструкција на зданието, туку и поради термалната иновација која ја има под теренот на „Алијанц арена“.

Модерната технологија овозможува теренот експресно да се суши која има потреба за такво нешто поради влажното време во Минхен, но Баерн сега како клуб си задал уште поголем предизвик, решавајќи да го промени цел тревник за само пет дена.

За време на оваа репрезентативна пауза, на „Алијанц арена“ се одигра натпревар од НФЛ лигата, а поради оштетувањата кои биле направени, Баерн добил спонзорство од НФЛ за реконструкција на цела трева.

Германскиот великан најави дека најавената промена ќе биде реализирани во наредните четири дена, по што веќе во петок теренот ќе биде подготвен за игра.

Угледниот „Билд“ долови како изгледа „Алијанц арена“ без трева на пет дена пред натпреварот со Аугзбург, но повеќе од јасно е дека германската уредност и прецизност уште еднаш ќе се прикажат на дело и дека условите за игра ќе бидат перфектни.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни