Поврзете се со нас

Европски првенства

Германска легенда: Реакцијата на Кристијано беше срамна, никогаш не сум видел нешто слично

Објавено

на

Foto:x.com/selecaoportugal

Кристијано Роналдо покажа неверојатни емоции на 39 години и плачеше како мало дете по нереализираниот пенал во дополнителните 30 минути игра, па мораше да биде тешен и од соиграчите за да се прибере за останатиот дел од мечот.

Португалскиот капитен не ги криеше емоциите и трогна многумина со својата реакција, но има и такви кои на овој потег гледаат како на уште еден обид да се најде во центарот на вниманието.

Легендарниот Диди Хаман го нападна Роналдо и посочи дека неговото однесување било срамно, поради што сметал дека треба и да биде изваден од селекторот Роберто Мартинез.

– Роналдо игра 120 минути на 39 години, промаши пенал и морам да признаам дека и јас поверував во приказната „Кристијано стана тимски играч“! И јас верував во тие глупости, се до мечот со Словенија. Повторно го покажа своето вистинско лице. Промаши пенал и почна да плаче на терен, плачеше и за време на паузата меѓу двете продолженија.

– Селекцијата не е работа само за тебе, тимот има 26 играчи, 20 вработени, но и 30 или 40 илјади фанови на трибините. Не се работи само за тебе. Повторно се обиде да биде во центарот на вниманието, а јас поради тоа навивав за Словенија. Неговата реакција беше срамна, за мене тоа беше целосно надвор од контрола. Никогаш не сум видел нешто слично, бидејќи кога на теренот ќе покажете емоциите, тоа значи дека сте готов. Селекторот требаше да го извади, бидејќи во такви услови не може да размислувате добро на теренот.

– Потоа изведе добар пенал во рулетот, но повторно покажа дека не е тимски играч. Почна да им се извинува на навивачите, мисли само на себе. Сигурен сум дека ќе биде стартер и на следниот меч на Европското првенство, но не гледам како Португалија би ја победила Франција, – потенцира Хаман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни