Поврзете се со нас

Европски првенства

Германска легенда: Нојер не заслужува да игра на ЕП

Објавено

на

Foto:instagram.com/manuelneuer

Германија е домаќин на престојното Европско првенство, па во некои други времиња оваа селекција дефинитивно ќе го имаше статусот на топ фаворит за освојување на шампионатот со оглед на овие околности и поддршката од трибините.

Сега ситуацијате е поинаква, тимот веќе некое време минува низ турбуленци и едноставно не се знае што може да се очекува од избраниците на Јулијан Нагелсман. Секако има е реакции и околу изборот на селекторот, а особено се става под знак прашалник дали ветеранот Мануел Нојер треба да биде голман број еден.

Нојер веќе неколку години не е истиот ас кој своевремено беше број еден на светот, ама кога е здрав тој секогаш добива шанса пред Марк Андре Тер Штеген кој и кога е на највисоко ниво, блеска за Барселона секогаш е ставен во втор план и за тоа имаше неколку негови реакции во минатото.

Кога е во прашање германската јавност има и такви кои сметаат дека ѕвездата на Баерн не заслужува да биде дел од составот за ова ЕП, поточно ова е став на легендата Улрих Ули Штајн кој своевремено освојуваше тутули со Хамбургер и Ајнтрахт Франкфурт, стана и европски првак со првите, а беше и дел од селекцијата на Западна Германија.

-Доколку го земете Мануел Нојер со вас, морате да му дозволите да игра. Ама тој повеќе не го оправдува тоа во спортска смисла. Со тешко срце, но со здрав разум, требаше да се остави дома – по овие слаби подготовки! На ова ЕП тешко дека ќе има противнички напаѓач кој се плаши да трча сам кон германскиот гол.

-На голман над 30 години му треба и среќа за да избегне повреди. Мануел немаше толку среќа. Долго време му недостигаше нормален тренинг и играчки ритам што ја одржува довербата и сигурноста во сопствените процеси на голот. Тоа сега можете да го видите во неговиот настап, -порача Штајн за „Кикер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни