Поврзете се со нас

Светски првенства

Германска легенда најави дека ќе го бојкотира СП во Катар

Објавено

на

Катар заработува многу критики поради нивото на почитување на човечките права, а тоа донесе и многу дебати во однос на исправноста на одлуката на ФИФА да овозможи организирање Светско првенство во азиската земја.

На неколку месеци пред мундијалот, јасно е дека Катар ќе биде домаќин на репрезентациите и фудбалските фанови, а тоа воопшто не му се допаѓа на Филип Лам.

Поранешниот капитен на германската репрезентација најавил дека не планира да патува со федерацијата во Катар.

– Нема да бидам дел од германската делегација и нема да патувам во Катар ниту како навивач.

– Човечките права треба да бидат основен услов за доделување организација на ваков настан, вакво нешто не смее да се повтори во иднина, – изјавил Лам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни