Поврзете се со нас

Репрезентација

Германките покажаа сила на стартот на разигрувањето, Македонија утре ќе се бори за 11. место

Објавено

на

Македонската кадетска репрезентација беше поразена во клучниот меч со Исланд кој можеше да не однесе во четвртфиналето, па емотивното празнење на тој меч, денеска негативно се одрази врз играта на избраничките на Љубомир Савевски.

Моќните Германки кои беа физички доминантни беа најтежок испит по болниот пораз од Исланд, па така репрезентативките до 18 години со пораз го започнаа разигрувањето за пласман од 9-то до 12-то место.

Германките брзо ја презентираа својата сила на паркетот и се одлепија на семафорот уште на самиот старт, но ако успевавме колку толку да парираме во првото полувреме кое заврши со 12:17, во второто бевме комплетно инфериорни.

Македонија на крајот претрпе тежок пораз од 21:34 на Светското првенство кое се игра во Скопје, па сега преостанува да се бориме за 11-то место на турнирот.

Противник утре ќе ни биде селекцијата на Хрватска, која денеска во една неверојатна драма загуби од Норвешка во пенал рулетот

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни