Поврзете се со нас

Лига на нации

Германија со пресврт ја победи Италија, Шпанија избегна пораз во самата завршница (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Европската фудбалска вечер во Лигата на нации ни донесе четири интересни натпревари во А сегментот во Лигата на нации, односно во разигрувањето кое стартуваше со четвртфиналињата.

Дербито меѓу великаните Италија и Германија посебно се најде во фокусот поради историјата и традицијата на двете селекции, а виденото на теренот не ги разочара неутралните фудбалски фанови, иако не донесе восхит за оние домашните на „Сан Сиро“.

Италија поведе со голот на Тонали и изгледаше како далеку подобар тим во првиот дел, но откако не ја искористи иницијативата за посигурна предност, наиде на далеку посериозен отпор во продолжение.

Незадоволниот Нагелсман направи две промени на стартот на вториот дел, а „џокерот“ Клајндинст требаше само да се поклони за 1:1 по перфектниот центаршут на Кимих.

Напаѓачот ја врати резултатската рамнотежа во 49-та минута, а до крајот Германците направи и пресврт преку Горецка, кој одново стрелаше по додавање од Кимих.

Германија со убава предност се враќа дома за реваншот кој се игра во Дортмунд, додека Шпанија на реваншот ќе ја пречека Холандија без негатива само благодарение на голот во самата завршница.

„Лалињата“ одиграа подобро од актуелниот европски шампион и имаа предност од 2:1, но по исклучувањето на Хато, гостите притиснаа и Мерино погоди за 2:2 во 93-та минута.

Претходно, Холандија направи пресврт со головите на Гакпо и Рајндерс, додека првиот гол на мечот беше дело на Нико Вилијамс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни