Поврзете се со нас

Лига на нации

Германија немилосрдно го наполни голот на Босна (Видео)

Објавено

на

Германија го завери првото место во својата група во Лигата на нации, нешто што и можеше да се очекува со оглед на ривалот кој го имаше на теренот.

Босна и Херцеговина замина за Фрајбург со само еден освоен бод по четири меча во Лигата А, но вечерва го претрпе најтешкиот пораз и прими седум „парчиња“ во својата мрежа.

Германците тргнаа фуриозно од самиот старт и Џамал Мусиала стрелаше за 1:0 во 2-та минута, по што головите се редеа како на лента.

Домаќините постигнаа уште два во првото полувреме преку Клајндист и Хаверц, додека вториот дел започна со два брзи гола на Флоријан Вирц.

Во 66-та минута на 6:0 зголеми Сане, додека Клајндист со својот втор гол го постигна последниот гол на оваа средба, во која Германците и малку попуштија во завршните десетина минути.

Овој пораз автоматски значи дека Босна испаѓа во Лигата Б во Лигата на нации, додека Германија како првопласирана оди во четвртфиналето.

На вториот меч од истата група фудбалот за жал вечерва беше во втор план, бидејќи колабирањето на Адам Салаи ја фрли во сенка убедливата победа на Холандија над Унгарија со 4:0

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни