Поврзете се со нас

Германија

Германија направи принудна замена во последен момент: Несудениот српски репрезентативец отпадна за ЕП

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Александар Павловиќ ја одби Србија и ја избра Германија како селекција во која ќе ја гради кариерата, но тоа што требаше да претставува исполнување на сонот, сега се претвори во лош кошмар за младиот играч за врска.

Фудбалерот на Баерн Минхен беше повикан за Европското првенство кое ќе се игра во Германија и се најде на завршниот список, но сега поради болест е остранет од селекторот Јулијан Нагелсман.

Павловиќ не можел подолго време да ги реши проблемите со тонзилит и поради тоа остана без шанса да настапи на Европското првенство, а селекторот за негова замена го повика Емре Џан.

– По заминувањето на Алекс, сакавме уште еден играч кој може да одговори на позицијата 6 во тимот. Затоа брзо го номиниравмее Емре Џан. Поволна околност е и тоа што тој покажа голем ентузијазам и страст да се приклучи на тимот.

– Сакавме да иамме уште еден играч кој знае како се играат вакви важни натпревари под голем притисок. Тој го исполнува профилот кој го баравме во овој момент, – изјави Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни