Германија лесно до бодовите против Црна Гора

germanija1

Актуелниот европски шампион Германија го започна походот кон одбрана на титулата со убедлива победа над Црна Гора (32:19).

Германците цел натпревар имаа сигурна предност и рутински стигнаа до првите бодови, во групата каде настапува и македонската репрезентација. На полувреме фаворитот водеше со 17:9, а тоа водство дополнително го зголеми предводен од капитенот Уве Генсхајмер кој го заврши натпреварот со 9 голови од 10 обиди.

Во однос на реализацијата, го следеше Друкс со 5 погодоци, одличен беше и голманот Волф со 12 одбрани, додека во црногорскиот состав се издвои Липовина со 6 голови.

Facebook Коментари