Поврзете се со нас

Европски првенства

Германија ја прегази Шкотска за прва победа на ЕП (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ScotlandNT

Германската фудбалска репрезентација го започна настапот на Европското првенство со сигурна и убедлива победа (5:1) над Шкотска, со што ги освои и првите бодови во групната фаза на турнирот на кој е домаќин.

Шкотска во ниту еден момент не можеше да му парира на фаворитот, не упати ниту еден удар кон противничкиот гол се до самиот финиш, а уште на полувреме имаше негатива од три гола.

Вирц го постигна првиот гол на ЕП во 10. минута за 1:0, Мусиала зголеми на 2:0 во 19. минута, а во финишот на полувремето Германците добија пенал, а за стартот над Гундоган, Портиус заработи и директен црвен картон.

Хаверц реализираше од белата точка за сигурни 3:0 на полувреме, додека на четвртиот гол се чекаше до 68. минута, кога резервистот Фулкруг постигна атрактивен гол за 4:0.

Шкотска реализираше среќно во 87. минута и тоа со автоголот на Ридигер по изведен прекин, па успеа со единствениот удар кон голот да намали на 4:1. Резервистот Емре Џан во судиското надополнување шутираше прецизно од осумнаесет метри и ги постави конечните 5:1.

Германија стигна до три бода по првото коло, а утре од 15 часот, во истата група ќе играат Унгарија и Швајцарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни