Поврзете се со нас

Европски првенства

Германија ја искористи привлегијата која ја овозможува УЕФА и нема да игра во квалификациите за ЕП

Објавено

на

Германската фудбалска репрезентација има надолен пад во формата по импресивните почетни изданија со Ханси Флик како селектор, па последните просечни резултати отворија многу сомнежи во јавноста пред мундијалот кој престои.

Во Германија има таканаречена смена на генерации и планот е вистинското лице на селекцијата да се види на Европското првенство на кое токму Германците ќе бидат домаќини, а говорејќи за турнирот во 2024-та година, директорот на Фудбалката Федерација откри дека тие ќе ја искористат привилегијата и нема да се натпреваруваат во квалификациите.

Германија одби да биде дел од квалификациите за Европското првенство, бидејќи како домаќин, има право да бира дали ќе биде дел од некоја група, или ќе се одлучи да договара само пријателски натпревари.

„Панцирите“ се одлучија за ова второто, став за кој стигна потврда од директорот Оливер Бирхоф.

– Како домаќини ние веќе се квалификувавме на Европското првенство и тоа ни дава флексибилност да бираме што ќе правиме во наредните две години. Сакаме да се подготвуваме со силни репрезентации од другите континенти, нема да учествуваме во квалификациите, – потенцира Бирхоф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни