Поврзете се со нас

Европски првенства

Германија издоминира против Унгарија за потврда на местото во нокаут фазата (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/MLSZhivatalos

Германија ја оствари и втората сигурна победа (2:0) на Европското првенство, заслужено освојувајќи ги бодовите во дуелот со Унгарија.

Домаќинот на престижниот континентален турнир немаше проблеми на дуелот на кој очекувано беше и голем фаворит, а победата е остварена со головите на Мусиала и Гундоган.

Мусиала профитираше во 22. минута по една мешаница во шеснаесетникот на Унгарија и ги израдува големиот број германски фанови, а фудбалерот на Баерн учествуваше и во акцијата за вториот гол.

Асистенцијата на Мителштад беше претворена во гол од страна на Гундоган во 67. минута, а до крајот Германците не престанаа да напаѓаат и не оставија простор за противникот да биде опасен пред голот на Нојер.

Со две победи Германија веќе може да размислува и за следната рунда на ЕП, додека Унгарците ќе бркаат прва победа во последното коло против Шкотска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни