Поврзете се со нас

Германија

Германија го повлече дресот кој потсети на познат нацистички симбол! (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/DFB_Team

Германската Фудбалска Федерација ја шокираше цела спортска јавност во месец март со одлуката да не биде продолжен со седумдеценискиот партнер „Адидас“, а на почетокот на новиот месец пристигна официјално соопштение за една проблематика која исто така се провлекуваше во јавноста.

Германците од 2027-ма година ќе бидат облечени во „Најк“ наместо во „Адидас“, но актуелниот спонзор денеска мораше официјално да повлече еден дрес, оној со број 44.

Причина за тоа е дизајнот на бројките кој бил избран од страна на Фудбалската Федерација, а со кој при споени две четворки „44“ се добива познат нацистички симбол од времето на Адолф Хитлер.

Навивачите до денеска имаа можност да нарачуваат дрер со бројот кој потсетува на симболот кој го имаше Шуцштафел, а порарди големата бура која се создаде во јавноста, од „Адидас“ официјално соопштија дека се повлекува тој број и никој не може да го нарача во иднина.

Како надополнување, се соопшти дека ќе биде избран и нов дизајн за „четворката“ во националниот тим, се со јасна цел да се избегне била каква поврзаност со нацистичкиот симбол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни