Поврзете се со нас

Европски првенства

Германија е втор патник во четвртфиналето на ЕП

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/DFB_Team

Националниот тим на Германија е втор четвртфиналист на Европското првенство откако вечерва успеа да ја совлада Данска со два гола постигнати во второто полувреме (2:0).

Домаќинот на турнирот рано постигна гол преку Шлотербек, но истиот беше поништен поради прекршок во напад во акцијата, а во 35. минута, судијата Мајкл Оливер го прекина мечот поради големото невреме и ги испрати двете селекции во соблекувалните.

Натпреварот продолжи со резултат 0:0, а на првиот гол се чекаше до 53. минута, кога Каи Хаверц реализираше пенал, совладувајќи го Каспер Шмајхел за водство од 1:0.

Неколку минути претходно, ВАР му поништи гол на Андерсен поради минимален офсајд, а истиот фудбалер играше со рака во својот шеснаесетник и на тој начин му овозможи на противникот да поведе од пенал.

Германија стави точка на натпреварот со голот на Мусиала во 68. минута, а Данците до крајот не успеаја ниту да стигнат до погодок и враќање на неизвесноста.

Противник на Германците во четвртфиналето ќе им биде победникот од дуелот меѓу Шпанија и Грузија.

Осминафиналето во Дортмунд прекинато, двајца дански фанови го украдоа шоуто на трибините (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни